Connect with us

Кошарка

ФОТО: Музичка ѕвезда за трагедијата во која загина Буштур-Синоќа се дружевме на вечера, а утрово загина

Музичката звезда Ален Исламовиќ на својот Фејсбук профил објави фотографија од заедничка вечера со Благоја Георгиевски-Буштур и уште неколку лица. Тој напиша:

-Утрово загина во сообраќајна несреќа во Скопје легендарниот кошаркар Благоја Георгиевски – Буштур. Синоќа се дружевме на заедничка вечера. Нека му е вечна слава. Големо и искрено сочуство на неговото семејство, пријателите и љубителите на Македонската кошарка. Вечно ќе останеш во нашите срца Благоја.

Буштур утрово загина откако поради лизгавиот коловоз загуби контрола врз своето возило и удри во бетонска ограда на булеварот „Србија“.