Фудбал
ФОТО: Најдовски потпиша за Тирана
Нешто повеќе од 24 часа откако стана јасно дека нема да биде повеќе дел од Вардар, Филип Најдовски има нов ангажман. Тој потпиша двегодишен договор со албанскиот шампион Тирана.
Освен во Вардар, Најдовски во својата кариера играше за Тетекс, Победа, Напредок и Цементарница. Играше и за младата репрезентација на Македонија.