Фудбал
ФОТО: Намерно или се занесе малку, фудбалер на Ференцварош го тролаше Роналдо, прослави гол како Португалецот
Јувентус вечерва се провлече против Ференцварош. Водеа гостите со 1:0, но сепак „Старата дама“ со головите на Кристијано Роналдо и Алваро Мората успеа да стигне до трите бода. Интересна ситуација се случи во 19-та минута при водството на гостите од 1:0. Стрелец на голот беше албанскиот интернационалец Узуни кој одлучи да го прослави голот во стилот на Роналдо. Дали намерно сакаше да го трола Португалецот или малку се занесе не е познато.