Connect with us

Кошарка

ФОТО: НБА играч со очила за сонце на теренот, поради авокадо

Еден од најпознатите центри во НБА лигата, Андре Драмонд доживеа необичен проблем. Окото му беше потечено поради алергиска реакција од авокадо.

Поради тоа, пред мечот помеѓу неговиот тим Детроит и Далас се појави на теренот со очила за сонце, а неговиот настап беше неизвесен Сепак, на крајот успеа да истрча на теренот и да забележи 23 поени и 15 скокови.

Но, не е познато каде и кога јадел авокадо, кога во текот на сезоната и натпреварите кошаркарите се под строг режим на исхрана.