Connect with us

Тајмаут

ФОТО: Не е само Политано, во „мрежата“ на атрактивната Сози биле „фатени“ Дибала и Наинголан

Името на атрактивната 22-годишна Џиневра Сози е на сите насловни таблоиди во Италија. Таа  е причината поради тоа што бракот се распадна на фудбалерот на Интер, Матео Политано.

Сопругата на напаѓачот се сомневала дека ја изневерува, па ангажирала приватен детектив. Тој открил дека веќе неколку месеци Политано е во интимна врска со Сози.

Сепак, италијанските медиуми малку повеќе истражуваа, па открија дека освен Политано во „мрежата“ на атрактивната Сози биле „фатени“ Паоло Дибала и Раџа Наинголан. Фудбалерот на Интер, сега на позајмица во Каљари, негираше такво нешто, а Дибала пред извесно време јавно излегуваше во јавноста со неа.