Connect with us

Фудбал

ФОТО: Не можеше во Интер, како ќе се снајде во Арсенал?

Арсенал го ангажираше десниот бек Седрик Соареш од Саутемптон за остатокот од сезоната за околу 1 милион евра. 28-годишниот европски шампион со Португалија станува слободен агент во текот на летото, а договорот со тимот од главниот град има опција да биде продолжен и во наредните четири години.

Соареш има 19 натпревари со 1 гол и 1 асистенција за време на кампањата досега. Тој ќе се бори за место во стартните 11 на Арсенал главно со Шпанецот Хектор Белерин, но Португалецот може да му даде и други опции на менаџерот Микел Артета, бидејќи може да игра како лев бек, па дури и како крилен напаѓач.

Соареш има огромно искуство во англискиот фудбал со екипата на Саутемптон, запишувајќи 138 натпревари со 3 гола и 11 асистенции во текот на четири години.

Соареш минатата сезона играше како позајмен во Интер, но одигра само четири меча во првенството и беше вратен бидејќи не ги задоволи очекувањата.