Тајмаут
ФОТО: Некогаш возела трки, а сега прави видеа за возрасни
Седум години се тркаше со автомобили, но се чини дека тоа повеќе не и е интересно, иако успеала да се искачи на пиедесталот. Австралијанката Рене Грејси (25) се одлучи да направи целосен пресврт во кариерата.
-Беше тоа најдобрата работа која сум ја направила во својот живот. Сега сум во таква финансиска позиција за која не сум можела ниту да сонувам, вели таа.
Грејси отворила своја веб страница на која објавува свои секси фотографии и видеа, наменети исклучиво за возрасни лица.
-На трките не ги остварував саканите резултати и не заработував добро. Давав се од себе, но дојдов до точка кога сите соништа ми се срушија и одлучив да ги сменам работиве, заклучи Австралијанката за тамошните медиуми.