Connect with us

Фудбал

ФОТО: Неверојатно, во осминафиналето се пласираа клубовите кои вредат повеќе

Германскиот интернет портал „трансфермаркт“ кој се занимава со статистика, пред се за цените на трансферите, но и вредноста на клубовите објави интересна статија во која се вели дека нема изненадувања во осминафиналето во Лигата на шампионите.

Имено, се пласираа двете екипи од одредена група, во која според вредноста на фудбалерите на трансфер пазарот, имаат најголема цена.

На пример, ПСЖ вреди 1,05 милијарди, Реал Мадрид 1,19 милијарди, па обезбедија пласман во нокаут фазата пред Клуб Бриж со вредност од 130,9 милиони и Галатасарај со 122,4 милиони евра.

Група Ц, Манчестер Сити вредност 1,3 милијарди, Аталанта вредност 284,9 милиони евра. Ги освоија првите места во групата пред Шахтјор со вредност 137,4 милиони и Динамо Загреб 107,9 милиони евра.

Група Ф, Барселона вреди 1,18 милијарди евра, Борусија 640,5 милиони, Интер 632,9, Славија Прага 51, 7 милиони.