Поврзи се со нас

Фудбал

ФОТО: Објавени составите, еве со кои играчи Македонија атакува на победа против Естонија и прво место во групата

Македонската фудбалска репрезентација во 15 часот го игра мечот против Естонија во рамките од втората сезона од Лигата на нации. На интернет страницата на УЕФА за Лига на нации објавен е почетниот состав на нашата селекција, но се уште го нема составот на Естонија.

Има големи промени во однос на мечот со Грузија и историската победа од 1:0. Како што е познато Горан Пандев се врати во Италија, Аријан Адеми нема да игра поради повреда, па така нападот ќе го сочинуваат Несторовски, а како крила Трајковски и Тричковски. Веднаш зад нив ќе биде Елиф Елмас. Николов и Спировски како последни играчи за врска, додека во одбраната се Бејтулаи, Велковски, Муслиу  и Ристовски. На голот ќе биде Шишковски.

loading...

Facebook