Connect with us

Фудбал

ФОТО: Од теренот „војната“ се пресели на социјалните мрежи, Паје шокираше со фотомонтажа на Нејмар

Француското дерби помеѓу ПСЖ и Марсеј во неделата вечер им припадна на гостите кои славеа со 1:0. Но, по дуелот најмалку се зборува за фудбалот.

Крајот на мечот помина во жестока пресметка, а петорица фудбалери се исклучени. Црвен картон доби и Нејмар кој го удри Шпанецот Алваро, кој го обвини за расизам.

Во Марсеј сите се на страната на својот фудбалер, па дури и Дмитри Паје кој објави монтирана фотографија на социјалните мрежи. Во фокусот секако е Алваро, кој во рацете држи куче, но со лицето на Нејмар. Ова секако може само да долее масло на огнот, кој и без ова веќе гори.

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com