Фудбал
ФОТО: Ова е најдобриот тим според ФИФА за 2020 година
Роберт Левандовски е најдобриот играч во изборот на ФИФА за 2020-та година, но светската фудбалска асоцијација го избра и најдобриот тим.
Иако наградата за најдобар голман на годинава отиде кај Мануел Нојер од Баерн, на голот во најдобрите 11 е Алисон Бекер од Ливерпул/Бразил.
Во одбраната се Трент Александер-Арнолд (Ливерпул/Англија) и Алфонсо Дејвис (Баерн/Канада), Серхио Рамос (Реал Мадрид/Шпанија) и Вирџил ван Дајк (Ливерпул/Холандија).
Среден ред: Кевин де Брујн (Манчестер Сити/Белгија), Тијаго Алкантара (Ливерпул/Шпанија) и Џошуа Кимих (Баерн/Германија).
Триото во нападот делува навистина убиствено: Лионел Меси (Барселона/Аргентина), Кристијано Роналдо (Јувентус/Португалија) и најдобриот играч за 2020, Роберт Левандовски (Баерн/Полска).