Connect with us

Фудбал

ФОТО: Ова е Златан!

Многу медиуми зборуваат и ги споредуваат Роналдо и Меси. Но, Златан Ибрахимовиќ покажува дека ако ништо друго, барем е во нивно „друштво“. Швеѓанецот има 39 години, а на својот „грб“ го носи целиот тим на Милан. Сезонава тие се лидери во Серие А со 16 бодови, во групната фаза на два меча имаат две победи, а последен пораз Милан доживеал во март годинава на домашен терен од Џенова со 2:1, кога еден гол беше дело на Горан Пандев.

Златан Ибрахимовиќ во моментов е водечки стрелец во Серие А со седум погодоци. Со него во тимот и без него, Милан не е истата екипа. Доколку сезонава Милан освои трофеј, тоа секако најголема заслуга ќе биде на Ибрахимовиќ.

Поради тоа популарниот портал „Goal.com“ му посвети фантастична фотографија на Златан Ибрахимовиќ.