Connect with us

Тајмаут

ФОТО: По неа трчаат сите спортисти, таа ги одбива

Инстаграм ѕвездата и фитнес инструктор од Австралија, Тами Хемброу (25) тврди дека цел тим се впуштил во „бркотница“ по неа и постојано и испраќаат пораки.

Сепак, таа не сакаше да открие имиња на спортисти или клубови, само во едно шоу читаше пораки кои таа ги добивала. Дел од нив биле:

-Дали си сама, дали ти треба друштво?

-Дали си сингл?

-Дали си уште заедно со оној твојот?

Таа вели дека не одговара на пораките, но сепак додава дека доколку и се допадне некој можеби би одговорила и би му дозволила да ја однесе на состанок.

Тами Хемброу е мајка на две деца. Стана ѕвезда откако објави фотографии на својот Инстаграм профил од неверојатната трансформација на своето  тело по бременоста. Сега има своја апликација за фитнес која се вика Тами Фит. Воедно таа е инструктор по фитнес.