Connect with us

Фудбал

ФОТО: Почина фудбалерот за кој и Марадона велеше дека е најголем, претепан и ограбен среде улица

Легендарниот аргентински фудбалер, со хрватско потекло, Фелипе Карловиќ Тинче почина на 74-годишна возраст, објавија тамошните медиуми.

Тој починал во болница како последица на напад на улица, каде според медумите бил претепан и ограбен.

Карловиќ е легенда на аргентинскиот фудбал. Роден е во Расио, истото место каде што е роден и Лионел Меси.

За популарниот Тринче своевремено Диего Марадона изјави дека е најголемиот фудбалер кој некогаш го видел. По завршувањето на кариерата имаше пробеми со алкохолот.