Connect with us

Фудбал

ФОТО: Потврдено, Македонија во четвртиот шешир за жрепката за СП, заедно со Бугарија

На 7-ми декември во Цирих, Швајцарија ќе бидат извлечени групите за квалификациите за пласман на СП. ФИФА ги потврди шеширите, а Македонија жрепката ќе ја чека од четвртиот шешир.

Ривали во квалификациската група за пласман на Мундијалот не може да бидат Босна и Херцеговина, Словенија, Црна Гора, Албанија, Бугарија, Израел, Белорусија, Грузија и Луксембург.

Жрепката како што пишавме ќе се одржи во Цирих на 7-ми следниот месец со почеток во 18 часот и тогаш Македонија ќе ги дознае противниците со кои ќе се бори за пласман на СП.