Connect with us

Фудбал

ФОТО: Рамос гневен го пцуеше Одегард, фудбалер на Реал кој на позајмица игра во Сосиедад

Реал Мадрид е елиминиран од Реал Сосиедад во Купот на Кралот откако во Мадрид славеше со 4:3. Очигледно дека Серхио Рамос не можеше да се помири со поразот и елиминацијата, па според медиумите сочно го пцуел Одегард, млад фудбалер кој во Сосиедад настапува како позајмен играч на „Кралевите“ и кој беше стрелец на првиот гол.

Иако Одегард се обидуваше да се извини за прекршокот кој го направи врз Рамос, сепак дефанзивецот на Реал Мадрид не го прифати извинувањето и го пцуеше.