Connect with us

Фудбал

ФОТО: „Респект и добредојдовте“ топол пречек за Англичаните во Косово

Најмладата балканска фудбалска репрезентација, Косово утре вечер ќе игра против Англија квалификациски меч за пласман на ЕП. На табелата се е јасно. Англија и Чешка веќе се на ЕП, но овој натпревар има огромно спортско значење.

Во Приштина доаѓаат големи фудбалски ѕвезди, па фудбалските фанови од оваа земја ќе можат да уживаат во претставата.

Низ улиците и зградите во Приштина поставени се транспаренти на кои пишува „Добредојдовте и респект“. Има транспарент со Стерлинг на кој пишува „Miresevjen Broo“ или во превод од албански на македонски, Добредојде брате.

People walk on the street decorated with banners prior to the Euro 2020 qualifing match between Kosovo v England in Pristina, Kosovo, November 16, 2019. REUTERS/Laura Hasani

Првиот човек на фудбалскиот сојуз на Косово Агим Адеми вели дека граѓаните на оваа земја секогаш ќе бидат благодарни на Велика Британија и Англија за она што го сториле. Како што е познато тие беа дел од НАТО која интервенираше со бомбардирање на Белград, како одговор од нападите на српската војска на Косово.

-Сакаме да го искористиме овој натпревар за да им искажеме благодарност на Англија и Велика Британија. Што се однесува до квалификациите, тоа нема никаков ефект за нас, но сепак е огромен спортски настан за земјата. Ова е важен натпревар заради политичките односи меѓу нас и Велика Британија, кои беа една од нашите главни помагачи за време и по војната, изјави Агим Адеми, прв човек на тамошната фудбалска федерација.