Connect with us

Фудбал

ФОТО: Роналдо ја губи вредноста

Нешто поради годините, нешто поради слабата форма, но Кристијано Роналдо ја губи вредноста.

Според специјализираниот интернет портал за трансфер пазарот и цената на фудбалерите „Трансфермаркт“, новата пазарна цена на Португалецот во моментов е 75 милиони евра. Тоа е за 15 милиони помалку од онаа што Јувентус ја плати на Реал Мадрид за неговото ангажирање. Воедно Роналдо се најде на првото место на листата на фудбалери од Серие А  чија вредност доживеала најголем пад.

На второто место е Алан од Наполи, трет е Ребиќ од Милан, а Алексис Санчез од Интер е на четвртото место.