Connect with us

Фудбал

ФОТО: Салах сега е подобар од Суарез и Торес

Мохамед Салах игра фантастично во дресот на Ливерпул. Како минатата така и оваа сезона. Попладнево со два гола донесе победа од 2:0 против Ватфорд, па Ливерпул со големи чекори ита кон шампионската титула.

Со двата погодоци Египќанецот стигна до бројката 84 голови, на 124 меча, и ги надмина напаѓачките легенди кои пред него го носеле дресот на славниот англиски клуп. Луис Суарез има 82 голови на 133 мечеви, а Фернандо Торес 81 на 142 меча.