Connect with us

Фудбал

ФОТО: Се беше во знакот на Марадона, Меси за малку ќе ја повтореше „Божјата рака“

Лионел Меси на денешниот меч на кој Барселона славеше со 4:0, постигна гол кој на посебен начин го посвети на неговиот идол, Диего Армандо Марадона, кој почина од срцев удар во средата.

Освен поради прославата на голот, Меси и поради друг момент беше во центарот на вниманието. Имено, Аргентинецот при 1:0 за Барселона се обиде со рака да постигне гол, што секако од медиумите веднаш беше поврзано со Марадона.

За потсетиме, Марадона на СП во 1986-та година против Англија постигна гол со рака, кој подоцна е наречен „Божјата рака“. Сепак, тогаш немаше ВАР, а сега има, па Меси и да постигнеше ваков гол секако немаше да се признае.

 

Facebook