Connect with us

Фудбал

ФОТО: Сега е официјално, стадионот на Наполи ќе го носи името на Марадона, илјадници навивачи му одаваат почит

Она што го најави првиот човек на Наполи, Аурелио Делаурентис, сега е официјално. Во иднина стадионот на овој тим ќе се вика Марадона, во чест на легендарниот Аргентинец кој почина во средата од срцев удар. Тој со Наполи освои две титули во Серие А, Куп, Суперкуп и Куп на УЕФА.

Во текот на ноќта илјадници фанови на Наполи го окупираа просторот пред стадионот во Неапол да му одадат последна почит.