Connect with us

Други спортови

ФОТО: Шампионат на Македонија во Мотокрос, ова се победниците

Викендов на патеката Орман во Скопје се одржа вториот натпревар од Шампионатот на Македонија во Мотокрос 2019.

Натпреварот беше во организација на МК Мотори-Скопје а учество на истиот земаа 26 натпреварувачи поделени во 4 класи МХ85, МХ1, МХ2 и МХ.

Во првиот натпревар во класата МХ1 победник беше кросистот Гоце Томовски од МК Гого-Скопје, во класата МХ2 Христијан Станковиќ од МК Ендуро Тим Водно – Скопје, класа МХ Зоран Каранфиловски исто така од МК Ендуро Тим Водно – Скопје и во класата МХ85 во која настапуваат најмладите натпреваувачи победи Антонијо Дамјановски од МК Хамачи Екстрим – Штип.

Во вториот натпревар истите натпреварувачи ги потврдиа пласманите и со самото тоа беа прогласени за за победници во генералното класирање на овој натпревар.

Во прилог се комплетните резултати и фотографии од натпреварот.