Connect with us

Фудбал

ФОТО: Шкендија доби напаѓач од Португалија

Алдаир Сапало Амаро Нето е нов играч на Шкендија. Португалецот, со потекло од Ангола, се договори со тетовскиот тим за шестмесечен ангажман, со можност соработката да продолжи. Како што информираат од Шкендија, во текот на декември месец бил организиран тренинг камп, на кој Нето се покажал во добро светло па тие одлучиле да го ангажираат.

25-годишниот напаѓач доаѓа од првенството на Велс, поточно од тимот Бангор Сити. Како помлад бил дел од португалскиот гигант Брага, потоа четири години минал во Маритимо.

Ова е трето засилување за пролетниот дел на сезоната за Шкендија по Ардин Далку и Ваљон Ахмеди.