Connect with us

Фудбал

ФОТО: Шкендија потпиша со француски младински репрезентативец и играч на Генгамп

Актуелниот шампион на Македонија, Шкендија се договори со францускиот интернационалец и младински репрезентативец на оваа земја, кој доаѓа од младинскиот погон на Генгамп Абубакер ес Сахал.

Договорот, како што соопшти тетовскиот тим е до 2023-та година.

-Знам во каков клуб доаѓам, ги гледав во плеј офот Лига Европа, знам дека имаат шампионска титула и Куп трофеј. Се работи за еден од најдобрите тимови од Македонија, ќе дадам се од себе да ги покажам најдоброто во овој дрес, изјави за официјалниот сајт на Шкендија новото засилување.

Абубакер е роден во Монпелје, има 19 години, потекнува од младинската школа на Генгамп, за младинскиот тим одиграл 13 мечеви и постигнал 4 голови оваа сезона. Игра на позицијата напаѓач.