Connect with us

Ракомет

ФОТО: Словенците со дресови од Вардар го пречекаа Сташ Скубе

Иако поминаа три дена, се уште не стивнуваат реакциите по освојувањето на европската шампионска титула на ракометарите на Вардар.

По прославата во Скопје во понеделникот, и по вчерашните приеми кај првите луѓе на државните институции, дел од ракометарите заминаа во своите држави за репрезентативните акции, а за дел од нив веќе почнува одморот.

Сташ Скубе се врати во Словенија, а во неговиот роден град Требње, му беше организиран пречек и беше награден за освоената шампионска титула.