Фото
ФОТО: Список на фудбалери за дуелите Словенија и Полска, Енис Барди неизвесен
Селекторот на македонската А репрезентација, Игор Ангеловски повика 23 фудбалери за претстојните два натпревари против Словенија (10. октомври, Скопје) и Полска (13. октомври, Варшава) од квалификациите за ЕУРО 2020.
Поради повреда неизвесно е дали Енис Барди ќе биде во комбинација за настап, додека Егзон Бејтулаи поради жолти картони ќе биде во конкуренција за настап само на натпреварот против Полска.