Connect with us

Фудбал

ФОТО: Срамна насловна страница на италијански весник, големите клубови збеснаа

„Црн петок“ наслов, на фотографија Лукаку од Интер и Крис Смолинг од Рома. Ова е насловната страница на „Кориере дело спорт“ како најава за утрешното дерби помеѓу Интер и Рома.

Но, италијанските гиганти збеснаа. Упатија силни критики на адреса на весникот, бидејќи сметаат дека во најмала рака насловната страница е расистичка. Дел од коментарите се дека насловот е срамен, а не да се прочита текстот.

Освен Интер и Рома, реагираше и Милан, кој преку Твитер налогот порача дека е апсолутно неприфатливо да се толерира расизам. Слична реакција имаше и од Фиорентина.