Connect with us

Фудбал

ФОТО: Стари се, ама се квалитет и вредат, еден од нив е без конкуренција

Се почесто гледаме фудбалери кои имаат над 35 години и кои се уште се активни. Покрај тоа, добро се носат со помладите ѕвезди и покажуваат дека доколку живееш и се однесуваш професионално, тогаш фудбалската кариера може да биде подолга.

За фудбалери кои наполниле 30 или 31 година велат дека се во години и дека не можат да го износат товарот на модерниот фудбал. Сепак, Кристијано Роналдо, Тијаго Силва, Самир Хандановиќ, Кјелини, Казорла се дел од имињата кои потврдуваат дека ова правило не важи за сите подеднакво.

„Трансфермаркт“ направи листа на десет фудбалери кои имаат 35 години или повеќе, а кои во моментов се активни фудбалери и тоа може да се каже стандардни во нивните клубови. Најскап од нив, без конкуренција, според овој портал е Кристијано Роналдо кој иако цената му е падната, пред се поради годините, се уште вреди високи 75 милиони евра. Далеку зад него се Тијаго Силва и Самир Хандановиќ, чија вредност е проценета на по 6 милиони евра.