Connect with us

Фудбал

ФОТО: Терминаторот Ерлинг Халанд

Борусија Дортмунд добро ја рестартираше сезоната. На домашен терен, секако пред празни трибини го прегази Шалке со 4:0 во дербито на колото.  Првиот гол беше дело на Ерлинг Халанд, чудото од тинејџер кој продолжува со одличните игри по доаѓањето во Дортмунд.

Борусија е втора на табелата со еден бод и натпревар помалку, а за Халанд ова беше 10-ти гол на само девет меча за германскиот тим.

На твитер налогот на Борусија Дортмунд, Халанд беше претставен како терминатор со познатата фраза упатена до Шалке секако „Hasta la vista baby“.