Фудбал
ФОТО: Тестирани фудбалерите на Академија Пандев
Фудбалерите на Академија Пандев се тестирани на коронавирус. Продолжението на сезоната полека се наближува, па поради тоа за приклучок на тренинзите сите членови на стручниот штаб и фудбалерите ќе мора да имаат негативни тестови.
-Протоколот даден од ФФМ се почитува, сите се свесни за сериозноста и максимално се почитуваат мерките. Тренинзите во помали групи започнуваат од денес, велат од Академија Пандев.