Connect with us

Други спортови

ФОТО: Требаше да влезе во ринг со него, а сега Хабиб со поддршка за Фергусон-Твојот син ќе биде горд

Хабиб Нурмагомедов испрати порака на Тони Фергусон, откако Американецот доживеа пораз од Џастин Гејџи, во мечот од УФЦ одржан ноќта сабота кон недела.
Откако нивната борба по пети пат пропадба, овој пат поради пандемијата од коронавирусот, Фергусон одлучи во октагонот да се бори против Гејџи. Но, на крајот е поразен со технички нокаут во петтата рунда.
По мечот Фергусон заврши во болница, а Хабиб му испрати порака.
-Што и да се случило останува во минатото. Главата горе Тони. Се надевам дека сте добро ти и твоето семејство. Кога твојот син ќе порасне ќе биде горд на тебе, напиша Нурмагомедов на Твитер.