Connect with us

Фудбал

ФОТО: Управата и навивачите на Реал Мадрид лути поради сликите од роденденот на Тео Ернандез

Новата ѕвезда на Реал Мадрид, Тео Ернандез, предизвика контроверзии поради слики од неговиот роденден. Ернандез минатото лето му се придружи на Реал од Атлетико Мадрид, а неговиот начин на прославувње на својот 20-ти роденден не ги импресионираше директорите на Реал Мадрид.

Тео Ернандез, всушност, има објавено неколку слики од неговата роденденска забава во која се вклучени џуџести актери облечени во кошули на Реал Мадрид и држејќи лажни пиштоли. Меѓутоа навивачите на Реал Мадрид се лути на својот нов стартер, бидејќи неговиот брат (кој сѐ уште е со Атлетико) беше прикажан со гримаса гледајќи во дресот на Реал Мадрид.