Фудбал
ФОТО: Вардар пристигна во Норвешка
Денеска околу 13 часот, Вардар пристигна во норвешкиот град Трондхајм, каде што утре „црвено-црните“ ќе го одиграат натпреварот со Розенборг, во рамките од второто коло од групата „Л“ во Лигата на Европа.
Вардарци денеска имаат активности во Трондхајм. Во 18:30 часот, ќе се одржи прес конференција на која што ќе присуствуваат шефот на стручниот штаб Чедомир Јаневски, и еден играч на нашата екипа кои ќе ги искажат очекувањата од утрешниот натпревар.
Потоа во 19 часот на стадионот „Леркендал“ ќе се одржи и официјалниот тренинг на екипата.
ФОТО: Фк Вардар