Connect with us

Фудбал

ФОТО: Вардар замина во Анталија, следуваат пресметки со Црвена Звезда, Динамо Киев, Хајдук…

ФОТО ФК ВАРДАР

Утринава тимот на Вардар замина на подготовки во Анталија, Турција. Според планот „Вардарци“ попладнево треба да пристигнат во турскиот туристички центар, и таму ќе бидат до 4. февруари, за кога е предвидено враќањето во Скопје.

Како што е познато, покрај тренинзите, ќе бидат одиграни и шест контролни натпревари, со цел екипата подобро да се воигра за пролетниот дел од сезоната.

ПРИЈАТЕЛСКИ НАТПРЕВАРИ ВО АНТАЛИЈА:

20.01. – Вардар – Хајдук (Хрватска)

23.01. – Вардар – Динамо Киев (Украина)

26.01. – Вардар – Бачка Топола (Србија)

29.01. – Вардар – Црвена Звезда (Србија)

02.02. – Вардар – Борац Бања Лука (БИХ)

03.02. – Вардар – Мура (Словенија)