Фудбал
ФОТО+ВИДЕО: Се огласи фудбалерот на Бенфика откако нивниот автобус беше каменуван, а тој повреден
Фудбалерот на Бенфија, Андрија Живковиќ се огласи на социјалните мрежи откако нивните навивачи го каменуваа клупскиот автобус незадоволни од нивната игра. Живковиќ и неговиот соиграч Џулијан Вингл беа повредени и хоспитализирани.
-Сакаме да ве информираме дека двајцата сме добро. За жал не можеме да го оправдаме ваквото однесување. Без разлика на се, ве уверуваме дека ќе продолжиме да се бориме за Бенфика и ќе продолжиме да даваме се од себе, напиша Живкович објавувајки фотографија на која се гледа дека има превез на окото како резултат на каменувањето на автонусот.
Бенфика синоќа на свој терен одигра без погодоци со Тондела и ја испушти шансата да се најде на врвот од табелата. Бенфика и Порто имаат по 60 бода, на девет кола пред крајот на првенството.