Поврзи се со нас

Фудбал

ФОТО: Заврши славјето на пласманот на ЕП, време е за новите задачи

Македонската фудбалска репрезентација утрово го имаше официјалниот тренинг во пресрет на утрешниот меч против Естонија. Славјето на пласманот на ЕП заврши, па време е за новите задачи. Ова е натпревар од новата, односно втората сезона од Лигата на нации.

Македонија е во Лигата Ц, во група 2, заедно со Грузија, Ерменија и Естонија. Ова е петто коло, а во моментов нашата селекција е лидер во групата со 6 бодови, односно една победа и три нерешени средби исто колку што има и Грузија, која што во четвртокот ја совладавме во рамките од финалето од плеј-офот од минатата сезона и се пласиравме на ЕП. Ерменија има 5 бодови, додека утрешниот противник е на последното место со два бода. Натпреварот се игра утре со почеток во 15:00 часот.

Фотографиите се превземени од ФФМ

loading...

Facebook