Кошарка
ФОТО: Жолтите очи на Мајкл Џордан кои ги загрижија фановите
Додека љубителите на кошарката уживаат во документарниот серијал „The last dance“, во кој се зборува за шампионската екипа на Чикаго Булс, со неприкосновениот Мајкл Џордан, многу фанови ги заинтригираа неговите жолти очи.
На социјалните мрежи веќе одамна се полемизира за тоа и се развиваат разни теории од кои речиси се се сведува на тоа дека најголемиот кошаркар на сите времиња има некаква болест. Секако се уште ова е на ниво на шпекулации, бидејќи барем засега „летечкиот Мајк“ е во добра здравствена состојба.
What’s going on with Michael Jordan’s eyes? They look to have a shade of yellow. #TheLastDance pic.twitter.com/cXx12ziuZ4
— Ben Maller (@benmaller) April 27, 2020