Connect with us

Фото

Фотографија хит на интернет: Рамос пушти солза по петтиот гол на Барселона?

Барселона го победи Реал Мадрид со 5:1 вчера во едно од најголемите дерби на светот во 10. коло од шпанската Ла Лига.

Каталонскиот клуб уште еднаш го порази лутиот ривал, а „кралевите“, од „Камп Ноу“ замина со пет гола во мрежата. Реал Мадрид одамна е во голема криза, имаат четири загуби во последните пет натпревари.

Во фокусот на овој натпревар беше капитенот на Реал, Серхио Рамос, а навивачите на социјалните мрежи тврдат дека дури пуштил и солза по петтиот гол на Барса.

Во 83. минута Артуро Видал погоди за 5:1, а во центарот на вниманието на камерата беше Рамос. Неговата фотографија е распространета на интернет и навивачите веруваат дека дури и плачел за поразот од лутиот ривал.