Connect with us

Фудбал

Фотографија за историја: Ибрахимовиќ во тандем со синот во нападот на Милан

Златан Ибрахимовиќ, ѕвездата на Милан, оваа сезона нема одиграно ниту една минута поради повреда.

Повредата на коленото долго време го делеше од теренот, а сега е се поблиску до враќање на теренот откако минатиот викенд беше на клупата против Торино (1:0). Против Тотенхем (1:0) го немаше во протоколот бидејќи не беше пријавен за Лигата на шампионите.

Можно е првиот натпревар да го одигра против Монца во сабота, доколку тренерот Стефано Пиоли реши да го стори тоа, а би можел многу лесно.

Популарниот Ибра одигра оваа среда на пријателскиот натпревар помеѓу првата и младинската екипа на Милан (до 18 години). Главната вест е дека 41-годишниот Швеѓанец играше за младинскиот тим и во нападот со сопствениот син Максимилијан.

Макси Ибрахимовиќ има 16 години, а заедно со својот татко ги предводеше јуниорите на Росонерите кои загубија со 3:0 од резервите на првиот тим.

Ќе остане запишано дека Ибрахимовиќ беа во напаѓачки тандем.