Connect with us

Фудбал

Франс Фудбал му одговори на Реал: Вршеа голем притисок врз нас, но бевме чесни!

Главниот уредник на Франс Фудбал, Винсент Гарсија во интервју за „Л’Екип“ му одговори на Реал Мадрид кој вчера ја вознемири фудбалската јавност со тоа што не се појави на наградата „Златната топка“. Претходно вчера „протече“ информација за тоа како Бразилецот ќе остане без престижната награда што ќе ја добие играчот од средниот ред на Манчестер Сити, Родриго, што на крајот се покажа како точно.

Сега Гарсија откри дека бил под голем притисок од кралскиот клуб, но дека сакал да биде јасен и искрен до крај.

-Винисиус настрада поради присуството на Џуд Белингем и Дани Карвахал во првите пет, бидејќи тоа математички му одзеде неколку бодови, а исто така сумира една сезона за Реал кој во секој момент имаше три или четворица играчи. Жирито ги подели своите одлуки меѓу тројцата што на крајот му одговараше на Родри“, рече Гарсија и потоа додаде:

„Имав голем притисок од Реал Мадрид, но секогаш бев јасен и искрен. Ним и на сите други клубови јасно им ставивме до знаење дека оваа година клубовитр нема да бидат информирани за победникот. Сите омилени клубови инсистираа да ја добијат информацијата. Мислев дека сите се согласија, но во последен момент, не знам зошто, некои луѓе ги фати паника и сакаа да ги променат правилата на игра, можеби имаа чувство, можеби Ел Класико не помогна. Мислам дека дека тие не беа 100 проценти сигурни дека Винисиус нема да ја освои Златната топка. Организаторот на доделувањето на Златната топка, L’Equipe, тогаш остро ја критикуваше одлуката на кралевите да не дојдат во Париз на големата церемонија.