Connect with us

Други спортови

Франција пак се израмни со Велика Британија

Франција ја стигна Велика Британија во бројот на титули во тенискиот Дејвис-куп, со победата во финалето викендов над Белгија, дома (во Лил), со 3-2. Во 117-годишната историја на натпреварувањето трофејот наречен „салатара“ најмногу пати го освоија САД, 32 пати, пред Австралија со 28 титули, а Франција и Велика Британија се израмнети со по 10 шампионски круни (и двете имаат и по осум порази во финалињата).

Од најдобрите селекции САД последен пат биле први во 2007 година, Австралија во 2003-та, Британците славеа во 2015 година, кога го прекинаа 79-годишниот пост, а Франција ја освои титулата по 16 години пауза.
Белгија го загуби и третото финале (беше поразена и во 1904 и во 2015 година). По четири години Франција ја искористи предноста на домаќин, бидејќи од 2013 до 2016 година славеа гостите на финалните мечеви (Чешка над Србија, Швајцарија над Франција, Велика Британија над Белгија и Аргентина над Хрватска).