Connect with us

Фудбал

Фудбалер на Барса го „минира“ трансферот на Пјаниќ на „Камп Ноу“

Како што објавија „Газета дело Спорт“ и „Мундо Депортиво“ ѕвездата на Јувентус, Миралем Пјаниќ и рекол „ДА“ на Барселона. Преостанува само двата клуба да најдат заедничко решение околу начинот на испалатата на обештетувањето.

Јувентус го сакаше во своите редови младиот член на Каталонците, Артур, но сепак тој јасно му ставил на знаење на раководството на Барселона дека не сака да замине во Торино. Можеби Барселона да ги влучи Видал или Ракитиќ во зделката, но сепак желбата на Јуве е Артур. Останува да се види дали ќе биде пронајден договор помеѓу клубовите, или Пјаниќ сепак ќе остане во Торино.