Фудбал
Фудбалер на Борусија Дортмунд како монструм, ја удирал бремената девојка, следуваат седум обвиненија против него
Поранешната девојка на играчот на Борусија Дортмунд Никo Шулц го обвини дека ја злоставувал додека била бремена, пренесуваат германските медиуми. Жената изнесе многу докази и можно е играчот на Борусија да има најмалку седум обвиненија од обвинителството.
Шулц сам по себе е проблем за Борусија. Трансферот се покажа како неуспешен, а бидејќи заработува многу пари, не сака да го напушти клубот. Тренерот на „Милионерите“ Един Терзиќ му се закани дека доколку не најде нов клуб, остатокот од сезоната ќе го помине на трибините.
Но, тоа сега му е најмалку важно на Шулц и има многу поголеми проблеми. Според Билд, тој се гони во германското обвинителство за злоставување на поранешната партнерка додека таа била бремена.
In March 2020, the ex-girlfriend sent pictures to Schulz with bruises. In response, Schulz sent a selfie of him looking sad to "apologise".
🗞 @BILD#BVB pic.twitter.com/HOVEzk1mi1
— BVB Newsblog (@bvbnewsblog) August 6, 2022
Германскиот весник додава дека описот на настанот и обвинувањата од страна на адвокатот на споменатата жена има дури 76 страници.
Содржи и бројни онлајн инстант пораки и е-пошта во кои Шулц ја признава употребата на насилство и се обидува да се извини за тоа. Работата е многу сериозна бидејќи, како што веќе спомнавме, неговата партнерка во тоа време била бремена, а однесувањето на Шулц го загрозило и нивното дете. Околу две недели пред да се роди нивната ќерка, Шулц наводно „ја удирал партнерката во стомакот, а потоа ја фрлил на земја и продолжил да ја удира со тупаници“. Кога партнерката му пишала за болки во стомакот, Шулц одговорил: „Жал ми е“.