Connect with us

Фудбал

Фудбалер на Јунајтед против ПСЖ можел да гледа само на едното око!

Манчестер Јунајтед славеше на гостувањето кај ПСЖ со 2:1 и одлично ја стартуваше новата сезона во ЛШ. Добра партија пружи и 23-годишниот играч за врска Скот МекТоминeј. Тој дури во првото полувреме можел да гледа само на едното око.

Менаџерот на Јунајтед, Солскјер објасни што се случило.

-Играта на Скот во првото полувреме беше импресивна, ако се знае дека имаше само една контактна леќа. Не можеше да гледа на едното око добро во првото полувреме, изјави Солскјер.

Головите за Јунајтед ги постигнаа Бруно Фернандеш и Маркус Рашфорд.