Connect with us

Фудбал

Фудбалер на Манчестер Јунајтед одбил да носи јакна за поддршка на ЛГБТК+, останатите играчи го поддржале (ФОТО)

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед се откажаа од плановите да носат јакна од Адидас како поддршка на ЛГБТК+ заедницата пред претходниот натпревар против Евертон (4:0). Нусаир Мазрауи им рекол на соиграчите дека не е подготвен да облече таква јакна, наведувајќи ја религијата како причина. Остатокот од тимот се солидаризираше со него, па решија ниту еден играч да не ја носи јакната за Мазрауи да не биде единствениот кој одбил да ја носи, пренесува The Athletic.

Истиот извор тврди дека не сите во соблекувалната биле задоволни од одлуката, а исто така беше објавено дека Адидас се разочарани од развојот на настаните откако претходно играчите на Јунајтед ја поддржаа истата иницијатива во претходните години. Мазрауи летово се пресели од Баерн во Јунајтед во трансфер од 15 милиони евра каде веднаш се наметна во стартниот тим на тимот. Во Премиер лигата одигра 13 натпревари и забележа асистенција, а забележа и пет настапи во Европската лига и два во Лига купот.
Вреди да се напомене дека на спомнатиот меч, против Евертон, капитенот Бруно Фернандеш носеше капитенска лента со боите на виножитото.