Фудбал
Фудбалер на шпански гигант позитивен на коронавирус, клубовите веќе добија дозвола да се вратат на тренинзи
Шпанските фудбалски клубови добија дозвола да се вратат на тренинзите, секако кои ќе бидат под строга контрола и редуцирани, односно нема да бидат групни. Сепак, стигна информацијата дека фудбалерот на шпанскиот гигант Атлетико Мадрид, Ренан Лоди е позитивен на коронавирус.
Сега, левиот бек на „Јорганџиите“ треба да остане во десетневен карантин, па потоа повторно ќе биде тестиран. Ако се покаже негативен, ќе може да тренира, доколку не, ќе продолжи да биде изолиран.