Connect with us

Фудбал

Фудбалер на Вулверхемптон е толку силен што имал понуди од рагби тимови

Адама Траоре, фудбалер на Вулверхемптон игра  одлично сезонава. Постигна пет голови и запиша седум асистенции. Но, неговиот физички изглед привлекува големо внмание.

Роман Саис, негов соиграч од тимот на Вулфс, откри интересна информација.

-Додека бил во Барселона ми откри дека имал три понуди од НФЛ лигата. Му рекле дека неговата градба е идеална за американскиот фудбал (рагби), но тој ги одбил понудите. Неверојатно е брз и експлозивен на теренот, а физички е огромен, изјави Саис.

Запрашан за своите мускули, Траоре на шега одговори:

-Не кревам тегови. Знам дека не ми верувате, ама не кревам. Вежбам малку, но растам брзо. Веројатно се работи за генетика.