Connect with us

Фудбал

Фудбалер за време на земјотрес спиел на 15-ти кат на облакодер: „Мислев дека ќе умрам“

Разорните земјотреси од 7,7 и 7,8 степени според Рихтеровата скала однесоа животи на над 17 илјади луѓе во Турција и Сирија, а многумина се уште се затрупани под урнатините. Својата траума ја опиша и норвешкиот фудбалер Фредрик Гулбрандсен (30) кој игра за турски Аданаспор. Адана се наоѓа во близина на Газиантеп и тој град претрпе голема штета. Во моментот на земјотресот, Гулбрандсен спиел на 15-ти кат на облакодер во Адана.

„Во шок сум. Не можам да ви го опишам стравот што го почувствував тоа утро кога почна земјотресот. Живеам на 15-ти кат на облакодер во Адана и тоа е последниот кат од таа зграда. Бев сигурен дека сум ќе умрам бидејќи се се тресеше. Лазев наоколу по подот и бев сигурен дека зградата ќе се урне. Се обидов некако да се сокријам, но разбираш дека навистина нема надеж ако се почне да се урива“, изјави фудбалскиот играч и продолжи:

„Сè уште не ми се верува дека тој облакодер преживеал и не се урнал. Се се тресеше толку силно, како кога си на брод за време на бура. Кога малку се смири, веднаш излегов надвор кон излезот. Видов дека сите луѓе од зградата бегаат од своите станови. Среќен сум што мојата вереница не беше со мене таа вечер и што не мораше да го преживее овој ужас“.