Фудбал
Фудбалерите на Челзи во карантин, пред почетокот на сезоната во Премиер лигата
Најмалку четворица играчи на Челзи се во карантин во согласност со упатствата на британската влада.
Челзи изврши тестови за коронавирус на крајот на минатата недела, пред да се врати на тренинзите, во согласност со протоколот во Премиер лигата пред почетокот на новата сезона 2020/21, која започнува викендот на 12 септември
Иако е нејасно дали некој од вработените тестирал позитивно, клубот објави дека некои од нејзините играчи веќе се во карантин.
„Голем број наши играчи ги следат инструкциите за карантин на владата, но ние нема да ги откриеме нивните имиња“, се вели во изјавата на Челзи.
Досега се потврдени 14 позитивни случаи на коронавирус во 12 клуба во Премиер лигата.
Челзи в сабота ќе игра пријателски против Брајтон, додека сезоната во англиската елитна лига ќе започне на 14 септември исто така и против Брајтон.