Connect with us

Фудбал

Фудбалерите на Наполи протестираат, ќе ангажираат адвокати

Како знак на протест кон Аурелио Де Лаурентис, Анчелоти и Љоренте не се појавија на задолжителната прес конференија по мечот со Салцбург. УЕФА најави казни, а ова тие го направија поради тоа што Де Лаурентис најави дека играчит ќе бидат во карантин цела недела, поради слабите резултати.

Голем дел од играчите одбиле да се вратат во тренинг центарот по синоќешниот натпревар и заминале дома.  „Ил Матино“ тврди дека некои од нив веќе се консултирале со своите адвокати бидејќи сметаат дека клубот нема право на таков начин да ги казнува.

Анчелоти беше против одлуката на Де Лаурентис, но порача дека тој е само тренер и дека мора да ја прифати наредбата од претседателот.

Останува да се види што ќе преземе Де Лаурентис за играчите кои одбиле да се вратат во карантин.